Цвеклото е чувар на вашето здравје – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Цвеклото е чувар на вашето здравје

Иако денес главно се конзумира  црвениот корен од цвеклото, старите Римјани ги јаделе само листовите кои се исклучително здрави, а коренот го употребувале како лек. Цвеклото е одличен извор на нутриенти кои се корисни за нашето здравје но и за младешкиот изглед благодарение на железото, фолатите, јодот, калиумот, бакарот, фосфорот и Витамините C и B6 со кои изобилува.

Одлично е и тоа што е сиромашно со калории. Содржи вкупно 35 kcal на 100 грама, па затоа е одлична опција за оние кои се борат со вишокот на килограми. Оваа супер храна го чисти организмот од токсини благодарение на антиоксидансите, но поради богатството од влакна помага и во доброто одржување на дигестивниот систем.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background