Црвениот тепих на Оскарите – моден погодок или дворски шут – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Црвениот тепих на Оскарите – моден погодок или дворски шут

Скапи фустани од светски дизајнери, моден погодок или грешка, односно каков е аутфитот на светските звезди, кои дефилираат на црвениот тепих , пред доделувањето на оскарите. Ова е едно од најозборуваните нешта откако ќе завршат оскарите и ќе се средуваат впечатоците од гламурозното шоу. Еве што за изгледот на ѕвездите вели дизајнерот Небојша Толески, односно кој е неговиот избор за најдобаи, односно најлош изглед и за тоа како изгледаа нашие дами Тамара и Атиџе.

Џанел Моне беше една од најдобро облечените на Оскаровската церемонија. Инвентивност во дизајнот, драматичност во стилот, гламур на ниво. Само качулката е изработена од 160.000 критали на „Сваровски“. Фустанот е дело на дизајнерот Ралф Лорен. Таа всушност целокупно игледаше како еден голем кристал кој во друга конотација можеби би се сватил како кич, ама овде се беше на место. Посебно кројот, вели Небојша.

Според него на ова издание на оскарите имало многу модни промашувања.

 

„Меѓу најлошо облечените, а ги имаше многу, беше Блек Чајна. Многу вулгарно дури и за холивудски вкус. Претерано нападна со тоалета која повеќе личи на костимографски фустан. Без доза на елеганција, без суптилен гламур. Се кај неа беше на „ачик“, вели тој.

Еден од најозборуваните, пак, беше водителот Били Портер. За неговото здолниште велат- претера.

-Навистина претера. Еднаш или два пати во женска тоалета можеби е шоу, но бидејќи зачести, се претвори во дворски шут или дворска дама без стил. Иако фустанот беше инспириран од палатата во Кенсингтон, не понуди ама баш никакво шоу кое ќе се памети или која и да му беше намерата овој пат, објаснува Толески.

Оваа година на доделување на оскарите ние имаме две дами, Тамара и Атиџе.

-Тамара Котевска имаше бледо издание на Оскарите. Сосема излезе од колосек од она што е и она што е нејзин стил. Требаше фустанот да биде баш во нејзин стил, секако модифициран спрема Оскаровската пригода. Да, убаво и стоеше на нејзиното тело, но сепак можела многу подоро и многу поинаку.  Атиџе Муратова- автентична, своја па дури и авангардна. Интересна во секој случај. Нејзината величина ја засенува облеката. Сепак се работи за соодветен избор. Во се друго би била односно не би била тоа што е, вели Небојша.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background