Четиригодишно дете од Неготино искасано од куче

Четиригодишно дете од Неготино искасано од куче, денеска е примено во кавадаречката општа болница.

Како што информира началникот на одделението за хирургија при болницата, хирургот доктор Дано Кулев, детето, според тоа што го изјавиле родителите, било искасано во дворот на соседите.

– Детето има четири рани. Две на задниот дел од главата и по една на левото рамо и внатрешниот дел на левата натколеница – изјави Кулев.

Врз раните е интервенирано, а детето добило соодветна терапија, по што е задржано на хируршкото одделение во болницата.

Според Кулев во последните два случаи едно од каснувањата, исто така, било од комшиско куче, а другото од куче скитник.

 

Преземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Во пожар изгоре напуштена куќа во Желино

  Пожар што вчера околу 15 часот и 20 минути избувнал во стара, напуштена куќа ...

Close