Шарените чорапи на Џастин Трудо, тајно оружје во дипломатијата

Неодамна во Торонто, на „Парада на гордоста“ канадскиот премиер Џастин Трудо се појави во класичен костум, во комбинација со шарени чорапи, на кои пишуваше „Eid Mubarak“, со што канадскиот премиер го испочитува и исламскиот празник Рамазан. Чорапите се изработени од „Халал сокс“ (Halal Socks), компанија сместена во Торонто, а цената изнесува 15 долари.

Две недели претходно, во Отава беше одржана церемонија со која се крена знамето на „Парадата на гордоста”, а во таа пригода, Трудо носеше чорапи во боја на виножитото. Канадскиот премиер Џастин Трудо е миленик во светски рамки и не само на политичката сцена. Во фокусот секогаш биле неговите чорапи. Многумина велат дека овој моден детаљ може да се толкува како негово тајно оружје во  дипломатијата.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Добар одмор за безбедно патување

Без разлика дали патувате преку ден или во текот на ноќта, од клучно значење е ...

Се’ за храна: 11 совети како да берете и сушите лековити билки и зачини

Секој од нас може да бере и суши лековити билки, но мора да се знаат ...

Close