Шахпаска: Секој кој е сведок на насилство должен е да пријави, а институциите да постапат – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Шахпаска: Секој кој е сведок на насилство должен е да пријави, а институциите да постапат

Заради  надминување на стереотипите, предрасудите, на линчот кој им се прави на жените заради нивната традиционално подредена улога во семејството, општеството, заради нерамномерната поделба на моќта меѓу мажот и жената, го донесовме Законот за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство – порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77.

Министерката посочи дека ова законско решение претставува нов исчекор по постапувањето на институциите односно овој Закон предвидува мулти секторски, институционален и координиран пристап во справувањето со насилството во сите облици.

Во случајот со „јавна соба“, министерката истакна дека го охрабрува чекорот на девојките кои беа  жртви на насилство почнуваат гласно да говорат. Таа зборуваше и за одговорноста на институциите која е огромна и обврзувачка и токму новиот Закон предвидува постапување со должно внимание односно секој кој е вработен во некоја институција, сведок на насилство, должен е да го пријави. Прва инстанца се Центрите за социјална работа или Полицијата кои се должни да постапат, а судот во рок од 24 часа, носи одлука согласно констатираниот полициски извештај.

Таа информираше дека за периодот од јануари  до септември 2020 година се случиле 1168 насилства, од нив 836 жртви пријавиле насилство во градовите , а 332 во рурална средина.51 малолетно девојче било жртва на насилство и 53 момчиња, што претставува поразителна бројка. Во 816 случаи од 1168 пријавени случаи на насилство, институциите постапиле односно превземале соодветни мерки.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background