Шеснаесетгодишниот Чурлинов повикан во сениорската репрезентација

По триумфот во Вадуц против Лихтенштајн (3:0) во натпревар од 5. коло од квалификациите за СП 2018 во Русија, фудбалската репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за контролниот натпревар против Белорусија закажан за 28 март (вторник) во 18 часот во Скопје.

Селекторот Игор Ангеловски за пресметката против Белорусија во составот на Македонија го повика Дарко Чурлинов. Доколку добие шанса за настап против Белорусија фудбалерот на германски Келн ќе стане најмладиот репрезентативец со 16 години и осум месеци.

Против Белорусија во комбинација за настап ќе биде и Езџан Алиоски кој поради жолти картони немаше право на настап на натпреварот против Лихтенштајн.

По настапот за сениорската репрезентација во Вадуц, на репрезентативниот тим до 21 година се приклучуваат и шесте фудбалери кои беа на располагање на Игор Ангеловски, голманот Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески.

Додади коментар

Би те интересирало и

(Видео) Гол за паметење на Реал: 44 додавања, 107 секунди и сите 11 играчи вклучени во иста акција!

Реал Мадрид на импресивен начин ја стартуваше новата сезона во Ла Лига, но она што ...

(Видео) Конечно воздишки на „Камп Ноу“: Семедо со страшен трик ја фрли публиката во делириум, искусниот Хоакин не знаеше каде е топката

Нелсон Семедо допрва ќе треба да покаже за каков калибар на фудбалер станува збор, но ...

Close