Ѓоковиќ и Федерер се изборија за осминафинале во Индијан Велс

Вториот носител Новак Ѓоковиќ и деветтиот носител Роџер Федерер обезбедија место во 4.коло на турнирот од Мастерс 1.000 серијата во Индијан Велс, САД.

Ѓоковиќ во 16-от меч со Дел Потро стигна до 13 победа и за него јубилејна 300. на Мастерс турнирите. Негов противник во следната фаза ќе му биде Ник Кирјос од Австралија.

Федерер во 3.коло беше поуспешен од Стив Џонсон со 2-0. И двата сета швајцарскиот тенисер го доби во тај-брејкот 7:6 (7-3) и 7:6 (7-4).

Противник во осминафиналето на Федерер ќе му биде Рафаел Надал кој во 3.коло го совлада Фернандо Вердаско.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ѓорческа на стартот од квалификациите на УС Опен против Аиава од Австралија

Лина Ѓорческа во првото коло од квалификациите на УС Опен во Њујорк ќе игра против ...

Димитров го освои Мастерсот во Синсинати

  Бугарскиот тенисер Григор Димитров е победник на турнирот од Мастерс серијата во Синсинати. Димитров ...

Close