Ѓоковиќ: Размислувам да направам подолга пауза

„Не е во прашање рамото, како што се пишува, туку лактот кој ме мачи речиси 18 месеци. Се обидов да бидам максимално подготвен за игра, пред мечот два и пол часа бев на третман. Не помогна ништо. Половина час играв со неподносливи болки“, рекол Ѓоковиќ најавувајќи консултација со лекарите за долгорочно да го реши проблемот со повредата.

„Тоа што играв ден за ден не ми помогна, но тоа е ситуација што морам да ја прифатам. На секој спортист му е тешко кога мора да го предаде мечот, особено кога игра добро, а јас тука играв најдобро во последните 10 месеци. Јасно е дека ќе морам да го менувам распоредот на турнирите, а сè уште не знам дали ќе мора да одам на операција. Долго време не сум почувствувал ваква болка. Размислувам за подолга пауза“, рекол српскиот тенисер, кој од понеделник ќе биде третопласиран на АТП листата.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Федерер се искачи на третата позиција на АТП ранг листата

Победникот на Вимблдон, Роџер Федерер бележи скок на најновата АТП ранг листа објавена денеска и ...

Јотовски поразен во четвртфиналето на фјучрсот во Грузија

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски загуби денеска во четвртфиналето на фјучрсот што се игра во ...

Close