Ѓоко Хаџиевски за полнолетсво на ќерката Катја порача: Не би те менувал ни за пет сина – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Ѓоко Хаџиевски за полнолетсво на ќерката Катја порача: Не би те менувал ни за пет сина

Познатиот тренер Ѓоко Хаџиевски е горд татко на три ќерки, од кои најмалата Катја денеска стана полнолетна. Уште кога пред 18 години неговата сопруга беше бремена сите очекуваа дека третото дете на Хаџиевски е планирано за син, но место тоа, како што тогаш велеше, доби уште една принцеза.
-Кога пред 18 години очекував третото дете да биде машко се роди ти и уште кога те видов како бебе бев убеден дека не би те сменил ниту за пет сина. Ете, после толку години израсна во убавица. За два месеци ќе завршиш гимназија и само ќе ти посакам да бидеш жива и здрава. Цела фамилија те сакаме најмногу, вели Хаџиевски.
Хаџиевски, кој во моментов е тренер во Емирати, ги има ќерките Стефанија (37) и Андреа (30). Од нив има тројца внуци.

Хаџиевски со дел од семејството


Во етер
Наслов
Изведувач

Background