Ѓорѓиевски: Одлуките за одземање на пасошите на дел од раководството на партијата се донесени под притисок

Во изјава пред Апелациониот суд во Скопје, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ  истакна дека барањата за притвор од страна на СЈО за раководството на партијата се груб политички обид за притисок врз апелациониот суд со цел истиот да не ги поништи одлуките за одземање на пасошите донесени во првостепена постапка.

„Одлуките за одземање на патните исправи на дел од раководството на партијата се донесени под притисок. Тоа јасно се гледа по образложенијата, каде нема ниту еден аргумент за одземањето. Токму и првичното барање за притвор е одбиено бидејќи не постои опасност од бегство, односно судот увидел дека се апсурдни, неосновани и политички сомневањата на СЈО“, изјави Ѓорѓиевски.

Според него, барањата за мерки на претпазливост и обезбедување присуство од страна на СЈО во однос на раководството на ВМРО-ДПМНЕ се без никаква правна основа, крајно неаргументирани и целосно политички мотивирани. Тој доаде дека тие имаат за цел создавање материјал за медиумите на СДСМ кои треба да го претстават ВМРО-ДПМНЕ во негативно светло кај граѓаните во пресрет на претстојните локални избори.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една причина за бегство, бидејќи нема сторено ниту едно кривично дело. Обвинувањата насочени кон луѓе од партијата се целосно политички мотивирани. Тие се чист политички прогон со цел власта порелаксирано да се пазари со македонските државни и национални интереси, промена на името на државата, јазикот, нацијата и историјата“, рече Ѓорѓиевски.


Според него, функционерите од партијата ниту се дале во бегство, ниту ќе се дадат, а доколку некој сакал тоа да го стори имал безброј шанси тоа да го направи.

„Судот мора да работи исклучиво согласно закон и никако поинаку. Судот не смее да одлучува врз база на сугестии и притисоци, туку исклучиво врз база на докази. Политички конструираните обвиненија и предмети на СЈО се преседан за една демократска држава, каде се практикува принципот на владеење на правото и се срам за целата правна фела и државата воопшто“, заврши Ѓорѓиевски.

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close