Ѕирнете во македонскиот филм кој заслужи светско внимание – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Ѕирнете во македонскиот филм кој заслужи светско внимание

Македонскиот филм  кој го заслужи интернационалното внимание „Медена земја“, раскажува за последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа – 50-годишната Атиџе која живее со својата мајка во едно напуштено село во централна Македонија.

Кога еден ќе го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената. Последната пчеларка во Европа се соочува со сериозен предизвик кога треба да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа. Во Медената земја пристигнуваат пчелари номади кои го прекршуваат основното правило: земи половина од медот, а другата половина остави им ја на пчелите.

Honeyland е најнаградуваниот македонски документарен филм, кој на почетокот на 2019-та се закити со 3 главни награди на престижниот фестивал Sundance. Доколку уште го немате погледнато, можете накусо да се запознаете со приказната малку повеќе низ трејлерот во прилог.

 

 

 

 


Во етер
Наслов
Изведувач

Background