Јакимовски ќе биде главен судија на „Телеком арена“ на дуелот Вардар – Работнички

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди арбитрите, кои ќе бидат дел од 24. коло во ПМФЛ.  Дејан Јакимовски од Скопје ја доби улогата главен арбитар на градското дерби на „Телеком арена“ помеѓу лидерот Вардар и Работнички – пренесува порталот Гол.

Александар Ставрев ќе патува за Кратово, каде ќе суди на мечот помеѓу домаќинот Силекс и Ренова.  На центарот во Тетово на дуелот помеѓу Шкендија и Македонија ЃП ќе биде Марјан Коцевски, а Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на натпреварот Шкупи и Пелистер. На последниот меч помеѓу Победа и Брегалница главен судија ќе биде Марјан Ецкоски.

 

Извор:  www.gol.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close