Јанева: Откривме и вративме 66.909 избришани разговори

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го објави третиот шестмесечен извештај за работата на СЈО за периодот од 15 септември 2016 до 15 март 2017 година.

Во извештајот на Јанева се наведува дека и во овој период имало опструкции на работата на СЈО и проблеми во соработката со правосудните и со другите институции.

Специјалната јавна обвинителка очекува и напредокот постигнат во еден дел од отворените истражни постапка дека во скоро време ќе резултираат со поднесување на обвиненија.

Според структурата на кривичните дела опфатени во извештајот, најголем дел од нив се за злоупотреба на службената положба и овластување со кои бил оштетен Буџетот на Република Македонија.

Во врска со финансиското работење на СЈО, во извештајот се наведува дека од одобрениот буџет за 2016 година, Специјалното јавно обвинителство, заклучно со 31 декември 2016 година потрошило 48,70 отсто од партите, додека од буџетот за 2017 година кој изнесува 228.005.000 денари (3,7 милиони евра), од 1 јануари до 15 март СЈО потрошило 28.636.159 (465.629 евра) или 12,56 отсто од буџетот.

Јанева во извештајот наведува дека во овој период СЈО добило специјализирани информатичко-форензички софтверски решенија со чија помош биле откриени уште 66.909 избришани аудио фајлови.

– Со тоа вкупната бројка на аудио фајлови се искачи на 606.555. На овие фајлови, како и на претходните 540.646 е извршен електронски попис кој се наоѓа на вкупно 15.906 страници во електронска форма. При попишувањето е утврдено дека времетраењето на сите аудио фајлови изнесува 13 200 часа.

Интересно е што во извештајот е наведено и дека при доставување на предметот „Пуч“ од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до СЈО, покрај другите списи и докази, е доставен и хард диск за кој било утврдено дека потекнува од канцеларијата во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) која ја користел осудениот Звонко Костовски.

Хард дискот како што се посочува во извештајот не бил предложен во листата на докази во случајот, а по анализата СЈО утвдило дека на него биле генерирани фајлови од комуникација меѓу два телефонски броеви, чија цел бил лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која била прислушувана без судски налози.

– Од страна на ова Јавно обвинителство извршен е електронски попис на овие материјали кој е сочинет на 27.189 страници во електронска форма. При тоа, детектирани се 31.495 аудио фајлови со времетраење од 671 час и 72.513 СМС пораки кои биле цел на апликацијата која бележи комуникација помеѓу два телефонски броеви – стои во извештајот.

Извештајот на Јанева, како што соопштуваат од СЈО денеска бил доставен и до Советот на јавни обвинители и до Собранието на Република Македонија.

Целиот извештај можете да го погледнете на следниот линк.

Извор: Мета

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close