Јапонија: 400.000 луѓе се евакуирани поради обилните врнежи

Најмалку десет лица се водат за исчезнати, а околу 400.000 морале да ги напуштат своите домови, откако во последните два дена падала рекордна количина на дожд во југозападниот дел на Јапонија.

Во деловите на префектурата Фукуока на островот Кјушу, во средата, за девет часа наврнале 774 литри на метар квадратен, што е за 2,2 пати повеќе од просечните врнежи во јули, објави националната телевизија.

Околу 7.500 спасители, вклучувајќи ја војската, полицијата и противпожарните служби, биле мобилизирани за да можат да помогнат во евакуацијата. Во спасувачките акции се вклучени и 40 хеликоптери.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Силен земјотрес во Иран

  Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погоди јужниот ...

Британски нуркачи пронајдоа четири тона нацистичко злато

Вредноста на германското злато превезувано од Бразил се проценува на сегашни сто милиони британски фунти. ...

Close