Јотовски остана без финале во игра на двојки на фјучрсот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Хамамет во конкуренција на двојки. Тој заедно со Сантијаго Марсека загубија во полуфиналето од Петар Бала (Унгарија) и Шунсуке Вакита (Јапонија) со 2-1 во сетови.

Првиот сет им припадна на ривалите со 6:3 во гемови, а во вториот беше 6:4 за Јотовски и Мареска. Во решавачкиот беше 10:8 на поени за унгарско-јапонската двојка.

Јотовски во сингл беше елиминиран во второто коло, но треба да се нагласи дека овој турнир го одигра со повредената рака и под инјекции.

Додади коментар

Би те интересирало и

Плишкова игра како број 1

Првата носителка во Синсинати и светска тенисерка број 1, Каролина Плишкова имаше две победи за ...

Охрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Охридскиот пливачки маратон, трет во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) ќе се ...

Close