ЈП Водовод: Да не се кршат и оштетуваат јавните чешми

Да не се кршат, руинираат и оштетуваат јавните чешми на територијата на Град Скопје, а наводнувањето на зелените површини да се врши во вечерните часови – апелира ЈП Водовод и канализација. Според претпријатието, последните примери на оштетувања се новите јавни чешми со тајмери.

– По притискање на тајмерот, тече вода одреден период и потоа запира. Се кршат тајмерите за водата да тече постојано, со што се намалува притисокот на водата на територијата на Градот. Лани беа набавени и поставени 55 вакви нови чешми со тајмери, токму поради зачувување на водата за пиење, а воедно и зголемување на притисокот во водоводната мрежа – стои во соопштението.

Според ЈП Водовод, освен што одзема време, постојаното поправање на јавните чешми троши и ресурси и парични средства кои може да се искористат за други работи во полза на граѓаните.

Во однос на зелените површини, со ЈП Паркови и зеленило е договорено да се наводнуваат во вечерните часови. – Апелираме тоа да го прават и граѓаните за во текот на денот да има нормален притисок на водата во водоводната мрежа, наведува ЈП Водовод и канализација.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ќе ги снема ли редукциите на вода конечно во Неготино?!

Реконструираната водоводна мрежа и новиот скада систем треба да бидат решение за деценискиот проблем со ...

По излевањето на Поројска река, 400 семества два дена се без вода за пиење

Од наносите од камења и земја кои ги донесе реката уништена е дел од водоводната ...

Close