Југохромци бараат средба со Димитриев: Компанијата би можела да згасне со работа засекогаш

Работата на Југохром Алзар од тетовско Јегуновце би можела да згасне во текот на следната недела. На ова денеска предупредија вработените во оваа компанија, кои  бараат нова средба со техничкиот премиер, Емил Димитриев. Ако тој деновиве не донесе позитивна одлука за повторно пуштање со работа на Југохром, стотици луѓе би можеле да останат на улица.

Вработените во Југохром денеска испратија писмо до техничкиот премиер, Емил Димитриев барајќи тој да одговори на нивните барања за да се пролонгира рокот за изградба на филтри за отпрашување за да можат повторно да почнат со работа. Рокот за забрана за работа на оваа компанија кој истекува во април, ја наметнува опасноста од одземање на еколошката дозвола. Вработените реагираат дека доколку дојде до тоа, ќе биде загрозена егзистенцијата на жителите во Јегуновце.

Претседателот на Синдикалната организација во Југохром, Бајрам Амити потсетува дека тие досега двапати се сретнале со Димитриев. Вели дека втората средба им влеала надеж бидејќи надлежните им ветиле дека ќе им излезат во пресрет, но се’ останало само на тоа.

„Досега имавме две средби со Димитриев. На првата не добивме одговор, но на втората добивме позитивни сигнали дека ќе ни излезат во пресрет, ќе ни ја продолжат еколошката дозвола за да можеме да работиме. Имавме голема надеж по оваа средба, дека нешто ќе се движи во позитивна насока. Оттогаш нема ништо, неколку пати испраќавме писма за средба и не ни одговорија. Ова писмо од денеска е последно бидејќи во април истекува еколошката дозвола, а потоа постои опасност да ни биде одземена и ако дојде до тоа Југохром ќе капитулира, а тоа е опасно и за самите вработени. Нека размислат поинаку и нека донесат одлука додека не е доцна“, вели во изјава за Канал 77, Амити.

Фото: Архива

Југохромци повеќе пати организираа протести, а го блокираа и автопатот Тетово – Скопје, но сметаат дека ресорното министерство  нема разбирање. Инаку на почетокот на месецов,  министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети го повика менаџментот на Југохром да ги постави филтрите за да може вработените да се вратат на работа. Тој изјави дека го охрабрува раководството да покаже знаци на добра волја и да работи поинтензивно на поставувањето филтри.

Додади коментар

Би те интересирало и

Царовска: Пензиите нема да се кратат

Кратење на пензиите нема да има – децидна е министерката за труд и социјална политика, ...

Се’ помалку печалбари одлучуваат да го посетат полошкиот регион

Печалбарите дојдени во полошкиот регион вообичаена и оваа година ја раздвиживаат економијата со трошење на ...

Close