Авиокомпаниите како „Рајанер“ и „Виз Ер“ предупредија дека повеќе нема да ги чекаат патниците заглавени на пасошка контрола

На долги редизци и часови чекања предупреди Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), телото за трговија со авиокомпании, поради граничниот систем на ЕУ (ЕЕС). Според ИАТА системот е „голем ризик“ што може да резултира со пропуштање летови од страна на луѓето. 

Авиокомпаниите, вклучувајќи ги „Рајанер“ и „Виз Ер“, веќе најавија дека нема да чекаат патници заглавени на пасошка контрола ова лето.

Системот EES бараше од патниците надвор од Европа да им се земат отпечатоци од прсти и да се фотографираат, за да можат повторно да бидат проверени кога ќе ја напуштат земјата.

Системот е означен како „казна за Брегзит“ од страна на извршниот директор на „Рајанер“.

Рафаел Шварцман, потпретседателот за Европа на ИАТА, изјави дека некои аеродроми сè уште немаат потребна технологија или персонал за системот да функционира непречено.

-Она што го гледаме е многу голем ризик од навистина предизвикувачки времиња или време на чекање, зборувајќи за очекувања од три, четири, пет, шест часа што е неприфатливо“, рече Шварцман.

Авиокомпаниите им кажуваат на патниците да стигнат на аеродромот три часа пред летовите. Мајкл О’Лири, шефот на „Рајанер“, изјави дека неговата авиокомпанија нема да чека патници заглавени во редиците.

-Рајанер ги прима сите патници што се наоѓаат на влезницата кога ќе заврши влезот во авионот. Патниците го пропуштаат летот не затоа што сме ги оставиле, туку затоа што се заглавени во нечиј ред за пасоши“, рече тој.

За време на Велигден, системот предизвика хаос на аеродромот Линате во Милано, каде што повеќе од 100 луѓе останаа поради тричасовно чекање на пасошка контрола.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ