Александар Јовановски е нов директор во „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.

-Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, и стекнат меѓународен сертификат за Институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпад и одржување на чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје, информираат од Градот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ