По бројните шпекулации дека се повлекува од политиката по 23 години вледеење со партијата и дел од власта, лидерот на ДУИ Али Ахмети за денеска најави два настани. Првиот е обраќање на јавноста во 11 часот, додека во 13:30 часот , во седиштето на ДУИ во Тетово го свика Централното претседателство на партијата. Најавено е дека највисокото партиско тело да дискутираа за актуелни политички и организациски прашања, како и најновите случувања во и надвор од партијата, но нема ништо за евентуалната оставка на лидерот.
Веста за обраќањето на Ахмети до граѓаните е објавена на сајтот на ДУИ, без повеќе детали освен најавата.
Во меѓувреме, албанскиот портал „Фољ“ објави дека Али Ахмети можно е да се повлече од политиката после вториот круг од локалните избори.
„Извори во ДУИ укажуваат дека тој веќе им ја соопштил оваа одлука на некои од неговите најблиски соработници, додека се консултирал и со партнери од Албанија и Косово. Се очекува оваа одлука да биде објавена по вториот круг од изборите, за да не им се наштети на кандидатите на ДУИ кои се кандидираат во вториот круг. Ахмети не даде никакви јавни изјави, ниту во медиумите ниту на социјалните мрежи, по изборите на 19 октомври, на кои ДУИ победи само во Липково и Пласница, пишува „Фољ“.
По завршувањето на првиот круг од Локалните избори, главниот збор во јавноста го има Арбр Адеми, додека Али Ахмети не реагираше со ништо.
Во текот на вчерашниот ден кандидатот на АКИ за градоначалник на Тетово, Бајрам Реџепи, објави фотографија Ахмети, најавувајќи победа во вториот круг на Локалните избори на 2 ноември во Тетово.
„Посветени, посветени како и секогаш, кон нови победи!“, напша Реџепи.
Коалицијата НАИ што ја предводи ДУИ во првиот круг доби тројца градоначалници.
Фотографија: ФБ





