Од попладне под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од ОЈО ГОКК, со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава.
Како што информираат од ОЈО ГОКК се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.
Повеќе информации од ОЈО ГОКК најави за попладнето, но подоцна рекоа дека „претресите се уште траат и официјална информција ќе има утре“.
На шпекулациите дека во уапсените се повеќе познати фаци во јавноста, пратенички, конзули и газди од ОЈО ГОКК рекоа:
„Да не се шират дезинформции, нема звучни имиња, особено не конзули, пратеници и амбасадори. Да заврши акцијата и ќе има официјални и издржани информации“.




