ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Македонија не е само Скопје

Бавно оди расчистувањето со утврдените неправилности на локалната власт

today11/02/2019 37

Background

Прилеп веројатно е рекордер по број на поднесени кривични пријави за работењето на претходниот градоначалник, Марјан Ристески, како и некои од екс-директорите на институциите. Во билтените на МВР повремено можат да се најдат нови вести за нови предмети доставени во Освновното јавно обвинителство, каде главно се повикува на членот 353 од Кривичниот законик, односно злоупупотреба на службената положба. Само адвокатот Жарко Стеваноски има поднесено 36 кривични пријави, од кои мал дел веќе доживееја и судски епилог. Стеваноски, кривични пријави поднел и за двајца јавни обвинители поради непостапување. Основата за овие пријави е извештајот на Државниот завод за ревизија за општината Прилеп од 2015 година, по кој ниту една институција не покрена акција. Според законот, по утврдените неправилности од Државниот завод за ревизија, реагира Министерството за внатрешни работи, кои може да ги докомлетира со докази овие наводи и да поднесе пријава до Основното јавно обвинителство. Од своја страна и по допрен глас и на основа на овие извештаи, по службена должност тоа го прави Обвинителството. И на крај тука е финансиската полиција, која исто така, има свои надлежности.

Наместо институциите, реагираше адвокат, како граѓанин и дел од Шарената револуција. За две поднесени кривични пријави, екс градоначалникот Ристески е осуден со условна осуда. По промената на власта и трите мандати на Ристески, на чело на општината како градоначалник дојде Илија Јованоски, лекар специјалист по професија. На нашето прашање за евентуално постапување, сега од улога на градоначалник, Јовановски рече дека е реагирано во надлежните институции.
-На сите оние злоупотреби што мислиме дека беа направени, ние реагиравме и до МВР, поднесовме и кривични пријави до Обвинителството во Прилеп. Се’ уште немаме никаков одговор. Јас се надевам дека надлежните ќе си ја вршат својата работа во блиска иднина ќе добиеме резултати и извештаи, изјави Јованоски.
На прашањето дали во Општината знаат за колкав износ на злоупотребени граѓански пари се работи, градоначалникот Јованоски рече дека е тоа работа на вештаците, кои треба да го утврдат износот.

Стеваноски:Каде е граѓанскиот интерес?

Адвокатот Стевановски рече дека според потпишаните договори за работа во спорните јавни набавки, се работи за проневера на 4-5 милиони евра во периодот од 2012 – 2017 година, кoга биле потпишани спорни договори во износ меѓу 7-9 милиони евра. Според него, тоа е правено преку блиски компании и билдање на суми преку наместени јавни набавки, а процентот на реализирани проекти не е според јавниот интерес на граѓаните. Парите се трошени на споменици, плоштади, а како пример го наведува тргањето на познатиот прилепски мермер од плоштадот и поставување на бекатон плочки.
– Каде е штитењето на интересот на граѓаните кога секога година преку јавна набавка се трошеле по 230.000 евра годишно за чистење на снег? Дури и во годините кога немаше снег, Општина Прилеп овие средства ги префрлаше на „Пела транс“, иако за тие пари можеше да се купат машини, за јавното претпријатие само да ги одржува улиците, изјави Стеваноски.
Државниот ревизор во ревизијата за Општина Прилеп за 2015 година оценува дека „количината на потрошените работни часови предвидени во понудата, која е составен дел на договорот за јавната набавка, не соодветствува со временската состојба со извршената работа. Извршената работа на машините е погoлема од работните часови на ангажираните работници“ (Ревизорски извештај за Општина Прилеп, ДЗР).
МВР поднесе кривична пријава против Ристeски и уште пет други лица за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за местење на тендер вреден 1,2 милиони евра за зимско одржување на улиците.

„Веста дека семејната фирма на амнестираниот пратник Крсто Мукоски и по промената на власта и натаму “растура“ на јавните набавки, беше разочарувачка за многумина граѓани. Барем за тие што на социјалните мрежи се прашуваат „зошто залудно го трошеле времето на улиците како дел од Шарената револуција, кога всушност промената и не се случи“?!

Неколку градоначалници со кои разговаравме, потврдуваат дека фирми блиски до претходната власт и натаму се главни на тендерите. Тука е и фирмата на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, кој победил со најниска понуда за набавка на телекомуникациски и интернет услуги. Актуелните градоначалници велат дека главниот критериум во јавните набавки – најниската цена, им врши работа на добростоечките компании, кои можат да си дозволат симнување на цените.“

„Ристески, во својство на градоначалник на општина Прилеп, на пријавеното правно лице му овозможил да се стекне со противправна имотна корист од 77.031.890 денари, средства од буџетот на општината. Градоначалникот создал услови „Пела транс“ да биде единствен понудувач и избрана фирма за најповолен понудувач на постапката за јавна набавка за зимско одржување на улици и патишта на територијата на општината Прилеп. Пријавената фирма не можела да учествува во постапките за јавни набавки поради неплатени обврски за даноци, се наведува во кривичната пријава.

Склучен тендер ден по Локалните избори 2017

Токму компанијата Пела Транс од Мажучиште,еден ден по првиот изборен круг на Локалните избори, на 16 октомври 2017 година, пред завршувањето на мандатот на претходниот градоначалник Марјан Ристески, склучила договор со Општината Прилеп за зимско одржување на улиците за две години (2017 и 2018). Договорот изнесува 292.490 евра или близу 18 милиони денари. Со промената на власта, оваа компанија има склучено уште два договори во вкупна вредност од близу 140.000 евра, за санирање и одржување на улици и за чистење на диви депонии, речни корита и одводни канали.


Во извештајот на Државниот ревизор, се посочува на набавката на набавката на работите за скулптурата на Крали Марко за 4 милиони денари. Меѓутоа, кога е поставена, финанскиот извештај покажува дека е платено двојно, односно вкупно 8 милиони и 091.000 денари. Остатокот од парите од 4 милиони и 100.000 денари се од буџетот на општината. Ревизорите забележуваат дека исплатата следи, иако нема донесено Програма за култура за 2015 година. Ревизорот констатира дека добивањето на средства што е повеќе од 100% од пропишаната вредност на набавката создава ризик дека понудената цена е поповолна од реалната е на на пазарот, поради што јавната набавка требало да се поништи. (Ревизорски извештај за Општина Прилеп, ДЗР).

Скулптурата Крали Марко

Засега, институциите само констарираат, со ретки обиди да се докаже наводната злоупотреба. Факт е дека набавките покажуваат неколку компании од Општината Прилеп добивале големи договори, кои изнесувале по неколку десетици и стотици евра. До каде е работата на поднесените пријави и предистраги од Основното јавно обвинителство во Прилеп одговорија дека во изминатиот период оформени се 10 предмети, во кои како обвинет се појавува и поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески.
„Од нив 4 предмети се во фаза на предистражна постапка, во еден предмет се води истражна постапка, во која е определена привремена мерка запирање од извршување на финансиски трансакции, во два предмети донесени се решенија за отфрлање на кривичната пријава. За еден предмет поднесен е предлог за издавање на казнен налог, каде по поднесен приговор од обвинетиот и спроведена постапка донесена е одбивателна пресуда, за еден предмет е поднесен обвинителен предлог и за еден предмет е поднесен обвинителен акт, стои во информацијата од Обвинителството.

Текстот е дел од проектот „Македонија не е само Скопје“, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%