Без запалки, реклами, пари, и партија, обединивме огромен број граѓани, вели Билјана Ивановска

Кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Билјана Иванова на нејзиниот Фејсбук профил им се обрати на граѓаните.

Во нејзината рекција се вели:

-Огромна благодарност за поддршката што ми ја дадовте, што препознавте во мене и во Независни заедно опција која се бори за нас, за граѓаните. Од начинот на гласањето и организирањето на изборниот процес можете да видите што значи да немаш партија и да не си рамноправно вклучен во изборниот процес. Недостатокот на нашето лого направи многу забуна. Ни пишуваа поддржувачи во текот на вчерашниот ден.

Сепак сметаме дека обединивме огромен број на свесни граѓани кои нема да ги изневериме. Овој резултат е без реклами на телевизиите, без делење запалки по врати со само две дебатни емисии и 1.500 еу донација. Освоивме 4.465 гласа или 20% од гласовите и парираме на големите партии кои потрошија милиони евра и ги користеа сите начини да оневозможат фер избори. Правната неизвесност за независните кандидати, различните броеви на кандидатските листи а на крајот и гласачко ливче без нашето лого само потврдува дека борбата не е нималку лесна ниту рамноправна.

Охрабрува фактот дека Центар има критична маса што не размислува по партиска шема и е свесна дека промените сами треба да ги направиме, а системот е крив само тогаш кога сме неми и беспомошни набљудувачи и на урбаниот хаос, на ѓубрето, на загадениот воздух, на пожарите и на сообраќајките и на нашето грдо секојдневие како и на корупцијата. Една битка не е изгубена војна. Борбата продолжува

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ