Блокада на Евзони од 17 часот

Фото: Видео принтскрин

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави на дописничката на МИА од Атина.

Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси.

Грчките земјоделци и вчера попладне, во истиот период го блокираа граничниот премин, а во однос на плановите во следните денови, според информациите на МИА, исто како и досега, одлуките ќе ги носат во последен момент, особено сега кога изразија подготвеност во вторник да се сретнат со грчкиот премиер.

На ГП Ники (ГП Меџитлија), како што соопшти АМСМ има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до утре до 10 часот.

МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ