Бруталното убиство кое се случи во Штип, откако 74-годишниот Д.А. ја уби со убоди од нож својата љубовна партнерка, 79-годишната Б.Н., а потоа и ги отсекол главата и нозете, за да може полесно да ги сокрие трагите на телото, а трупот го закопал во дворот на куќата во која живее, потсетува многу на едно слично убиство, кое се случи во далечната 2006, на нецел километар од локацијата на сегашното.
Во јуни 2006, Марика Тренева го отрула својот сопруг Бранко Тренев. Во шишето од кое пиел вода му ставила препарат за растенија, по што тој починал, а таа, неговото тело го исекла на делови, слично како и убиецот на 79-годишната Б.Н., за да може полесно да се ослободи од трагите.
Тогаш, во судскиот процес беше докажано дека Марика Тренева била жртва на дводецениско семејно насилство и дека тоа бил мотивот за убиството. Во 2009 Тренева се судеше за убиство на подмолен начин и беше осудена на 12 години затвор.




