Плоштадот во Валандово беше полн со љубители на македонската музика. Песни, новосоздадени и испеани низ годините од 39те истанија н Фолк фест „Валандово“.

Блага Петреска, Мишко Крстевски, Марјан Коцев, Катерина Брезева, Елена Велевска и Кико Божинов не потсетија на многу од фестивалските хитови кои оставија белег низ годините. Некои наградени, некои не освоиле ниту една награда, но оставиле толку голем белег, што ги натера валандовчани да не ги штедат дланките. Се пееше, се уживаше во убавата македонска фолк музика.

Но, на сплетот од македонските песни не беше крај со „Бисер балкански“, бидејќи на сцената се појави Влатко Миладиноски со оркестарот на Златко Миладиноски. Концертот траеше до доцна во ноќта, а на раддоста н публиката и немаше крај.

Да изгледа убаво, баш македонски се погрижија и водителите Ели Танасковска, Зоран Горгиев и Дионис Нунов.

Вечер е официјлната вечер на Фолк фест „Валандово“ со нови 20 хитови. Фестиваот ќе биде отворен со доделување на награда за животно дело на Блага Петреска.


Фото: Општина Вландово

