Вечерва во 20 часот на градскиот плоштад Слобода во Штип, штипјани се организираат за ѕвездено небо во чест и спомен на Владимир Блажев – Панчо, кој вчера им подлегна на повредите здобиени во катастрофалниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, кој се случи на 16-ти март.
Организаторите повикуваат сите што го познаваа, но и сите што сакаат да изразат поддршка и сочувство, да го споделат повикот и да присуствуваат.
„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас,“ стои во повикот што брзо се шири на социјалните мрежи.





