Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска го прими уверението, а попладнево и со Данела Арсовска направија примопредавање на фунцкијата и, како што најави, вечерва од 20.30 часот почна одборјувањето, кога треба да го исполни предизборното ветување, за 72 часа да го исчисти Скопје од ѓубре.
Големат акција, како што рече почнува од Арена „Борис Трајковски“, каде биле паркирани камионите.

– Официјално од денес Скопје испишува нова страница во својата историја. Нема да се штедам. Го имате мојот збор! Скопје, почитувани, го менуваме од корен! Уште од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив. А утре, започнуваме со темелна реорганизација на јавните претпријатија и нормализирање на состојбите во нив, за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат, објави Ѓорѓиевски на неговиот фејсбук профил.
Најавува дека Скопје ќе добие и нови проекти, а дел од нив ќе започнат во наредните денови – инвестиции во инфраструктурата, образованието, спортот, животната средината, но ја враќаме и транспарентноста.





