(Видео) Благодариме Господе! Дождот го изгасна пожарот на ловиштето Јасен

Фото: ДЗС

Утринкиот дожд помогна големиот пожар во јасен да биде изгаснат. Од ДЗС велат дека се уште може да се забележи чадење, но по престанување на дождот и кревање на маглата, ќе се продолжи со гаснење.

-Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна пожарот кој трае повеќе од десетина дена, да биде изгаснат.  Но, и покрај поголемата количина на заврнат дожд, на некои места од пожарната линија сеуште може да се забележи чадење поради што по кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Овој терен ќе биде пребаран и со дронови со термални камери. Екипи на ЈП Јасен продолжуваат со патролирање се додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат, вели директорот Стојанче Ангелов и додава:

-Дожд заврна претежно во северните и северозападните делови на државата додека во источните, југоисточните, централните и југозападните делови досега немаше врнежи. Според прогнозите на УХМР денес се очекува силен ветар до 60 км на час кој значително ќе го зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и нивно брзо ширење поради што апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизивикаат пожар но и да го лријават секое сомнително однесување. Апелирам, доколку граѓаните забележат електрични жици кои се допираат или искрат веднаш да пријават во ЕВН или на бројот 112, вели директорот Стојанче Ангелов.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ