(Видео) Ги уништиле сите траги! Експерт откри зошто се чисти после Ким Џонг-ун

Фото: Х видео

Безбедносната служба на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се обидува да ги спречи специјалните служби на други земји да добијат информации за неговата здравствена состојба, изјави рускиот ориенталист и експерт за Северна Кореја, Андреј Ланков за порталот РБК, коментирајќи го чистењето на просториите во Пекинг каде што се сретнаа Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин.

Видео од чистењето беше објавено еден ден претходно од новинарот од Кремљ, Александар Јунашев.
На видеото се гледа како севернокорејските функционери го бришат столот на кој седеше Ким Џонг Ун и ја отстрануваат чашата од која пиеше.


Репортерот ја нарече оваа практика стандарден безбедносен протокол за високи севернокорејски функционери.

„Во последните 4-5 години имаше индиректни знаци дека севернокорејскиот лидер има некои здравствени проблеми. Јасно е дека раководството на таа земја се обидува да ги скрие овие информации, особено од оние земји кои имаат, и може да имаат, и политички причини и технички можности некако да влијаат на прашањето за пренос на власта во Северна Кореја во случај на смрт или неможност за извршување на оваа функција на Ким Џонг Ун“, објасни Ланков.
Ким Џонг Ун има 43 години, а информациите за неговите здравствени проблеми периодично се појавуваат во западните и јужнокорејските медиуми, пренесува телеграф.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ