ДИК не е магионичар за да го земе изборниот законик во свои раце, рече претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко во гостувањето во емисијата Стадион“ на Канал77.
Во пресрет на Локалните избори Кондарко даде објаснување во повеќе сегменти, како што е изборниот законик, финасии, но и за предизвиците со кои се соочуваат низ годините.
– Како ДИК имаме најголем проблем со изборниот законик и повеќе пати сме рекле дека е потребен комплетно нив изборен законик. Ние сме многу внимателни, се дриме до напите законски надлежности. Предизвици сме имале многу, ќе го решиме и овој. Нашата работа е организациско-техничка-административна, ние не се занимаваме со политика, колективен орган сме, работиме транспарентно, рече Кондарко.
Кондарко беше прашан и за независните кандидати, односно за условите за нивно учество во изборите.
-Прашањето за независните од аспект на ДИК е затворено. Ние сме орган избран од Собрание и наша задача е да го спроведуваме законот онаков каков што е. Општо познато е дека не беше обезбедено бадентерово мнозинство и тоа не е наша надлежност да го коментираме. Ние сме обврзани да го спроведеме законот онаков каков што е. Да појаснам, ДИК не донесе никаква одлука, не воспостави никакви правила, не излезе надвор од законската рамка, не донесе нови законски одредби. На крајот на краиштата оваа ситуација е позната уште од мај кога Уставниот суд ги укина одредбите за бројот на потписи за кандидирање на група избирачи. Да не испадне дека сите сега се изненадени од тоа, рече Кондарко.
Погледнете го целото интервју во видеото подолу:
–






