(Видео) „За дете од село никаде немаше место“ – Животниот пат на Блаже Аризанов низ светот и во Македонија

Блаже Аризанов, инвеститор, финансиски консултант, светски патник и писател беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал77. Аризанов, кој по потекло е од Струмица, но е светски патник. Живеел и работел во многу држави, за да на крај се врати во Македонија и тоа во Охрид.

Тој зборуваше за неговиот живот, за тоа како е да се замине од дома и да се успее во светот.

-Помалку сум во Азија, повеќе во Европа и тоа придонесе интелектуално да се реобликувам. Секој има своја приказна а мојата е дека сум роден во Струмица, во мало село и земјоделско семејство. Оскудно, но добар ученик и стуент. Завршив Економски факултет во Прилеп, бидејќи студирање во Скопје за мене беше луксуз. Барав работа, но реалноста ме удри во глава. Т.н. црвена буржоазија не става простор за деца од провинција. Сите работни места беа резервирани за луѓе ним блиски. За дете од село немаше место никаде. Тоа најпрво го направив преку студенска организација, но и таму бев провинциско кутро дете и го проширив радиусот на прифатливи опции. Заминав во Индија и таму се најдов. Ниту ден немам државна работа, ниту невладина организација. Индија, бидејќи секаде бев одбиван за практикантски аранжам. Таму бев приморан. Отворив еден вид љубовни хотели, по јапонскиот пример. Во Индија се уште е табу да се има секс пред брак. Направивме мрежа на хотели, место каде можат да се сретнат двајца млади луѓе а да не биде тоа во парк. Ние имавме закани од таа морална гарда, но успавме да пребродиме се. Индиј е земја во која навидум изгеда се забрането, но за брзо време станува се ок, рече Аризанов.

Аризанов изгледа необично, особено поради неговите мустќи за кои рече:

-Ми имаат речено дека потсетувам на Салвадор Дали,ама не го носам ниту поради мовембер. Некој вика дека сум и како Тодор Александров, но сакам да експериментирам, рече тој.

Погледнете го ова интересно интервју во видеото подолу, во кое објаснува и зошто се врати во Македонија:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ