(Видео) „Исус рекол: Ако мене ме мразеа тогаш што очекувате вие“ – Протојереј ставрофор Томислав Петковски во Стадион

Протојереј ставрофор Томислав Петковски беше гостин во емисијата Стадион на Канал77, кој рече дека веќе денес може да се каже Христс воскресе, бидејќи на денепшната литургија првиот дел се служи со црни алишта, додека вториот со светли.

Протојереј ставрофор е највисок свештенички чин, а Петковски објасни дека во црквата постои хиерархија, степени на хиерасиски чинови.

-Првиот е ѓагонски чин, вториот е свештенички, додека третиот е епископски и во сите чинови има одличја. Во ѓаконскиот има одликување во протоѓакон, во свештеничкиот е протојереј, а како највисоко одличје е протојереј ставрофор, а тоа значи право на носење крст на градите. Во епископскиот има митрополит, епископ миторполит, архиепископ и патријарх и тие може дда бидат поглавари, објасни тој.

Во емисијата се зборуваше за историјата, верата, црквата, младите, местото на црквата…

Целото интервју погледнете го на линкот подолу:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ