(Видео) Како ги заштитиме младите во дигиталната ера? – Со проф. Анастас Мишев

Во првата епизода од подкастот за сајбер безбедност наречен СајберШтит на Фондацијата Метаморфозис, проф. Анастас Мишев зборува за состојбата со сајбер безбедноста во образованието – дали младите се доволно свесни, кои се ризиците, и што треба да преземат институциите.

Поткастот е дел од проектот „СајберШтит: Омоќени граѓани за сајбер отпорност” што го спроведува Фондација Метаморфозис. Целта на проектот е да се стави акцент на значењето на редовна сајбер хигиена и ефикасно справување со сајбер закани како што се фишинг, социјално инжинерство, малициозен софтвер, кражба на лични податоци и други. Преку заеднички напори, проектот тежнее да осигури дека овие теми добиваат соодветно внимание, ресурси и одговори на предизвиците што ги носи дигиталната ера.

Во фокусот се инспиративни разговори со експерти и активисти, со практични совети за јавноста, особено за младите, родителите, жените и ранливите групи. Содржината е едукативна и лесна за следење.

Погледнете на видеото:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ