По повод големиот празник „11 Октомври”, македонските пејачи Ѓоко Јовиќ и Јована Богданоска подаруваат нов патриотски проект насловен „Кога се раѓа Македонец”, а дел од спотот се „Тигрите”.
Инспирирани од македонската традиција и борба на Македонецот за да се избори за својата територија и опстанок, во првиот дел од проектот се гледаат сцени како од шпанска криминална серија снимена за Нетфликс, а во неа се појавуваат и тигри од специјалната единица „Тигар”.
Во вториот дел, песна со патриотскиот текст на Темелко Андреев испеан од златните грла на Ѓоко Јовиќ и Јована Богданоска ќе допре до срцето на секој Македонец.
Погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=BJOM3JSCxZI




