Роберт(30) од Скопје пред четири ипол години доживеа тешка повреда на главата, односно мозокот му беше речиси нефункционален. Терапијата која ја примаше овие години пкажа добри резултати во неговото опоравување и можност за враќање на Роберт на неговиот нормален живот. Но, за да може да продолжи да ја прима терапијата на неговото семејство му е потребна помош.
Неговата мајка Гордана Пуповиќ ги моли сите хумани луѓе да донираат за да може да се купи потребната терапија.
-Секој година Роберт прима терпија која чини 6.000 евра за една година. Ги порачуваме и ги подигаме од аптека кај нас. Веќе четири години ја прима ова терапија и од дете кое вегетираше веќе се врата во нормала. Сам си зима за јадење, сам седи дома, до продавниц сам оди, но се уште не е сигурен во себе. Затоа ги молам сите добри и хумни луѓе да ни помогнат, вели Гордана и додава:

-Не не напушта вербата, не не напушта желбата за живеење и функционирање зошто Роберт е мојот мотив за живот.После сообраќајната несреќа и неговата повреда на главата, бевме соочени со најголемиот животен предизвик.Но, желбата за живот победи, победи Роберт една голема препрека и сеуште секојдневно се бори совладувајќи ги по втор пат животните вештини. Сега учи повторно да чита и пишува. До лани не можеше, не знаеше ниедна буква. Затоа ни е потребна поддршка од сите добри и хумани луѓе, вели Гордана и додава:
-Несреќата наштети најмногу на неговите мозочни ткива засегнувајќи ги когнитивните функции, центарот за говор, мислењето, резонирањето….. Благодарение на упорноста и грижата, но секако и терапијата која му е неопходна, тој повторно го учи животот. Кога се случи сообраќајката сите се откажаа од Роберт, но јас го држев цврсто со дветге раце, вели мајка Гордана.
За храброста на оваа мајка Канал77 досега има објавувано. Кога се случила сообраќајната незгода таа со зборовите на лекарот „толку е“ не се согласила и не дозволила ниту еден момент да се откаже од борбата за да својот син Роберт повторно го застане на нозе. И покрај кревањето раце на лекарите се разбуди од кома, прозборе, почна да оди и да размислува и тоа се благодарејќи на упорноста на неговата мајка.
А сѐ се случило во февруари во 2021 година, кога Роберт настрадал во сообраќајка и животот му се превртел наопаку.
-Падна од мотор и од големата траума на главата го изгуби памтењето, јадеше преку стома, цел година беше врзан за кревет, а мозокот не му функционираше. Никој од лекарите не ми даде надеж. Ми рекоа „Тоа е, гледај си го другото дете“, „Збогувај се!“. Ама ете Роберт прооде, застана на нозе. Господ го сака. Јас како мајка никогаш не се откажав, немаше шанси за такво нешто. Која мајка ќе се откаже од роденото дете?! Борбата беше тешка, но успеав да го застанам на нозе. Беше како дете од една година, изјави тогаш Гордана за Канал77.
Откако ги виделе првите резултати лекарите на Гордана ѝ кажале дека за неговата состојба е потребно време, а тоа и се покажало. Доктор Угриновски тогаш и рекол:
„Ова е мозок и никој не може ништо да ти каже или да предвиди. Нему му треба време и силни витамини“. И навистина така се случи, времето си дојде. Роберт не зборуваше точно година и пол, а година и десет дена не јадеше, се хранеше преку стома. Беше како билка. Но, по првата тура од шест месеци од таблетките „нураид“ колку што ги примаше, веднаш се покажаа резултати. Роберт почна да јаде. Потоа нарачавме уште и еве го сега почна да зборува. Неврологот ми препорача да продолжи да ги пие и ми даде надеж дека стостојбата ќе му се подобри дури 95 проценти. Во моментов не чита и не пишува, бидејќи во мозокот имаше црна лезија. Но, сега јадењето и говорот се подобрени, а за другото треба време и овие лекови, рече Гордана.
Гордана објасни дека до толку е подобрена ситуацијата, што е свесен дека му недостсува социјалниот живот.
-Нема веќе ниеден другар, сите го напуштија, освен еден, кој живее во Малта и со кој се слуша. Свесен е дека сите го напуштиле и дека било другарство од корист. И самиот тој вели така. Затоа јас не сум му само мајка, туку и другарка. Компјутерот му е најголем другар. Се што знаеше, се што учел на школо се имаше заборавено и сега повторно учи. И се што ќе научи го памети веќе, не го заборава. Борбата е голема но ќе се издржи. Кога стасавме до овој степен, веќе не сакам ни да помислам како беше и низ што поминавме. Среќата на Роберт ми е најважна, вели Гордана.




