(Видео) Кој дозволи да горат факели во салата „Јане Сандански“ на натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер?

Ова е прашањето кое од синоќа се поставува со реакција откако на трибините каде беа навивачите на Еурофарм Пелистер запалија факели во СП „Јане Сандански“ во Скопје на ракометното дерби со Вардар. Натпреварот од петтото коло од Суперлигата беше прекинат во 24. минута кога се појавија „Чкембарите“ и влегоа во расправија со навивачите на Вардар, кои беа во нивна близина. Во тој момент битолските навивачи запалија факел и го фрлија во трибината меѓу луѓето кои го следеа натпреварот. Реагираа „Комитите“ кои тргнаа да влезат на теренот, но по брзата интервенција на полицијата беа спречени. Следеше пауза од 10 минути, по што натпреварот продолжи.  

Победи „Вардар“ (31-28) во тензична атмосфера, додека се коментираше дека очигледно ништо не се научи од трагедијата од Кочани со запалените факели во затворен простор.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ