(Видео) Кучето кое беше злоставувно од газдата во Крива Паланка донесено е на нега во „Лајка“

Кучето од Крива Паланка кое беше злоставувано од страна на сопственикот, донесено е во ЈП Лајка. Во моментов тоа е безбедно и ќе му биде обезбедена целосна нега и сѐ што е потребно за неговото опоравување.

-Благодарение на брзата реакција на граѓаните кои веднаш го пријавија случајот, како и интервенцијата на пожарникарите кои го извлекоа од провалијата, инспекторите и ветеринарните служби обезбедија итна грижа и стабилизација. Овој настан е уште еден показател дека системот функционира кога институциите и граѓаните делуваат заедно – брзо, координирано и одговорно. Злоставувањето на животни не е изолиран чин – тоа е сериозен општествен проблем. Секое злоставување на животни мора да се пријави – веднаш и без исклучок. Само со гласна и одлучна реакција можеме да ги заштитиме најранливите и да спречиме насилството да се повтори. Одговорноста е заедничка – да изградиме средина во која и животните и луѓето живеат безбедно и достоинствено, информираат од Лајка.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ