(Видео) Луѓето барале помош а газдерицата бегала со парите? Шокантни снимки од клубот на смртта во Кран-Монтана

Фото: Јутјуб

Џесика Морети, ко-сопственичка на барот во швајцарскиот ски-центар Ле Констелашн, каде што загинаа 40 лица на новогодишната ноќ, наводно била снимена како го напушта објектот со каса полна со пари за време на пожарот, пренесува дневник.хр.

Според италијанскиот весник „Ла Република“, Морети ги игнорирала луѓето кои очајно барале помош за време на пожарот и си заминала со касата, во која имало пари. Таа за време на пожарот добила изгореница на раката, а францускиот весник „Паблик“ прашал дали е повредена додека наводно се обидувала да ја извади касата.

Морети веќе е под полициска истрага под сомнение за убиство од небрежност и нанесување сериозни телесни повреди на 119 повредени лица, од кои некои сè уште се борат за своите животи.

Поранешни вработени во барот каде што се случи трагедијата рекле дека безбедносните стандарди биле лоши, противпожарните апарати биле заклучени, а излезот за итни случаи често бил заклучен.
Сепак, сопругот на Џесика Морети и ко-сопственик на барот, Жак Морети, рекол дека просториите биле проверени три пати за десет години и дека „сè било направено според стандардите“. Морети во заедничка изјава објавија дека ќе соработуваат со полицијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ