По една исклучително успешна година, одбележана со распродадени концерти во Македонската опера и балет, маѓепсана публика на Античкиот театар во Охрид и триумфална турнеја низ Австралија, Америка, Канада, Европа, Турција и македонската музичка сцена добива нов момент кој ќе се запише во историјата.
На 28 декември од 20 часот, за првпат еден македонски изведувач на народна музика ќе одржи солистички концерт во СЦ „Борис Трајковски“-легендарна арена резервирана за најголемите имиња и најимпозантните спектакли.
Тоj изведувач е Влатко Миладиноски, човекот чиј препознатлив глас со години ја носи македонската емоција низ времето, обединувајќи ја традицијата со современиот звук. Заедно со оркестарот на Златко Миладиноски, тој подготвува три часовно музичко патување што ќе ги допре сите генерации.
Концертот ветува продукција на највисоко ниво: 200 m² импресивна централна сцена, врвна аудио техника, преку 300 светлосни тела и ефекти, над 200 m² LED екрани што ќе создадат визуелна димензија доследна на најсовремените светски концерти.

Дополнително, голема чест ќе бидат специјалните гости, со што вечерта ќе добие уште поголема уметничка тежина и ексклузивност.
Настанот не е само концерт – туку визија за тоа македонската песна да добие сцена каква што заслужува, сцена која ја возвишува нашата традиција и ја преведува во модерно, спектакуларно музичко доживување.
Концертот е закажан на 28 декември, од 20:00 часот, билетите се во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и продажната мрежа на kupikarta.com



