Љубомир Гајдов, новинар, чија специјалност се дипломатијата и мегунродните односи беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал77, во кој се зборуваше за атентатот на претседателот Киро Глигоров.
-Пет години по атентатот истрага отвори државниот обвинител Ставре Џиков и ги повика Глигоров, Андов, Црвенковски, Трајанов и Фрчковски Тоа траеше многу кратко. Ги барав стенограмите, но исчезнаа. Многу документи се исчезнати. Лентите што не сакав да му ги дадам на Американецот, му ги однесов на Глигоров. Кога бев таму му се јави Бранко Црвенковски и тој му рече„ Бранко, ти реков да не мис е јавуваш додека не го смениш министерот“. И навистина потоа го смени. Ова е голем приказна, рече Гајдов.
Што понатамукажа и кои личности ги спомена Гајдов може да видите во виеото подолу:






