(Видео) Нашинците во странство не ги забораваат повредените од „Пулс“ и се’ уште стигнува помош – Вучева од „Сапорт Кочани“

И по 14 месеци од големата кочанска трагедија, здружението „Сaпорт Кочани” останува активно и посветено на поддршката на повредените и нивните семејства. Помошта продолжува секојдневно, а канцеларијата „Гнездо” и понатаму е место каде граѓаните можат да добијат поддршка, информации и неопходна помош. Го посетивме Гнездо, каде се сретнавме со Ана Вучева, волонтерка која е дел од „Сапорт Кочани” уште од самиот почеток на неговото формирање, веднаш откако и самата заздравела од повредите во дискотеката и се вклучила како волонтер.

Вучева во разговорот со Илчо Лазаровски вели дека иако поминало повеќе од една година од трагичниот настан, повредените сè уште имаат потреба од помош, а поддршката од волонтерите и хуманите граѓани не смее да запре.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ