Поранешниот началник во МВР, Драги Нестороски во денешното интервју во Стадион на Канал77 рече дека атентатот врз Киро Глигоров не е направен од обични лица, бидејќи тоа се работи со организација.
-Експлозивот може да го направат само стручни лица, диверзанти, кои учеле диверзантска школа. А во тоа време имаше многу слободни диверзанти на пазарот. Ние што бевме исклучени како инспектори работевме со цел да го откриеме. Нешто затајуваше од втората третата зона. Дури дојде во прашање зошто државна безбедност да води атентат на Глигоров, тоа треба да биде од јавна безбедност. Информациите се примаа, а кај биле давани тоа е чудно. Претпоставки има многу, она што јас можам да го речам дека е од нас, не е од надвор. Мотивите се повеќе политички, би рекол, рече Несторовски.
Несторовски понатаму каж уштемногу детали во врска со истрагата за атентатот на Глигоров, кои може да ги видите во видеото подолу:






