„Голем поздрав од Албанија, а во морето има повеќе ѓубре отколку во приказната. Бањите се полни“, објави Брајевиќ, а голема фото галерија и видео од сцени кои не се баш одлична разгледница од Дубровник обезбеди „Дубровнички дневник“.
Тоа е проблем што се повторува со години, кога морето носи огромни количини ѓубре, обично од Албанија, на хрвтските брегови и плажи. Тоа е меѓународно прашање за кое се дискутира како ќе се реши и се преземени одредени чекори, но проблемот сè уште не е целосно решен, пишува порталот.






