(Видео) Силен земјотрес во Турција и уште 100 потоа, се тресеше во Македонија, Бугарија, Грција, Кипар

Фото: МИА

Силен земјотрес со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала вчера ја погоди провинцијата Баликесир во Турција, потоа беа почувствувани уште 10 послаби. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4.2 степени.

Според  Американскиот геолошки институт земјотресот веројатно е почувствуван и на македонска, бугарска, грчка и кипарска територија.

Според податоците објавени на веб-страницата на Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД) потресот од 6.1 степен е регистриран со епицентар во областа Синдирги.

Утврдено е дека земјотресот, кој беше почувствуван во многу провинции во регионите Мармара и Егеј, се случил на длабочина од 5.99 километри.

Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, објави дека тимовите веднаш почнале со теренски проверки и скенирање на теренот во врска со земјотресот од 6.1 степен во областа Синдирги.

Во изјава на социјалните мрежи, Јерликаја потврди дека сите тимови од АФАД и релевантните институции веднаш започнале со теренски истражувања.

Јерликаја, во изјава за Си-Ен-Ен Турк, потврди дека земјотресот предизвикал материјална штета. – Уништени се три згради и еден дуќан, изјави Јерликаја.

Една празна зграда, која веќе била оштетена во претходен земјотрес, се урнала по силниот потрес во Синдирги.

Проф. д-р Шенер Ушумезсој во изјава за Си-Ен-Ен Турк рече дека земјотресот во Баликесир не е последователен потрес (aftershock), туку „поттикнувачки“ земјотрес.

– Земјотресот во Синдирги е продолжение, малку понајугоисточно. Линијата на раседот пукнала на 15 километри оддалеченост, и таа има продолжение кон југ, објасни Ушумезсој.

Тој додаде дека станува збор за расед кој се откинува на површина од околу 100 километри.

– Луѓето од Синдирги не треба да очекуваат поголем земјотрес. Овој земјотрес е дел од претходниот земјотрес во Баликесир Синдирги. Како фиоките во комода. Откако се скрши едната, се скрши и другата. Тоа не е последователен потрес, туку земјотресот што тој го поттикна, нагласи професорот. 

Во земјотресот беа повредени 18 лица, а турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја објави дека се примени 504 пријави, вклучувајќи 25 пријави за структурни оштетувања.

Според соопштението на Канцеларијата на гувернерот на Баликешир, училиштата денеска нема да работат, а исто така беше објавено дека бремените жени и лицата со попреченост кои работат во јавни институции и организации се ставени на административен одмор, објави Хаберлер.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ