(Видео) Струмица се трансформира во вело град

Денот на европската мобилност,20 септември, струмичани  за  првпат го одбележуваат со завршени велосипедски патеки во должина од над 12 километри. Трансформацијата во вело град започна во 2022 година со проектот „Струмица вело град“.

„Велосипедските патеки не се само обоени линии на асфалтот. Тие се симбол на една поголема визија – визијата за промена на навиките, за поинаков начин на живеење, за посигурна иднина. Денес велосипедот во Струмица е повеќе од рекреација. Тој е превозно средство, избор за здравје, за заштита на животната средина и за европска современост“, вели градоначалникот Костадин Костадинов, со чија визија започна трансформацијата.

Тој се потсетува дека патот не беше лесен, полн со многу предизвиц, кои пак дадоа дополнителна енергија да се продолжи и на крај и успее.

-Денес, благодарение на поддршката од Европската Унија и заедничкиот труд на мојот тим, Струмица има модерна велосипедска инфраструктура, изградено чувство за велосипедска култура, субвенции за купување велосипеди, pump up трака за младите и возрасните, и – најважното – насмевки на лицата на нашите граѓани. Ова не е само проект. Ова е доказ дека Струмица е град на трансформацијата.

Искрено им благодарам на ЕУ, на мојот тим, и на сите велосипедски клубови кои на почеток беа скептични, но денес сите заедно сме дел од успехот. Знам дека ова е само почеток. Мојата идеја за Струмица е град кој постојано се менува на подобро, град кој секоја нова генерација ќе ја носи чекор понапред, град кој не застанува, вели Костадинов.

За трансформацијата на Струмица во вело град повеќе во видеото:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ