Гости во најновото издание на емисијата „Стадион“ се актуелниот градоначалник на Пробиштип Драган Анастасов кој ќе го бара својот трет мандат и Тони Тоневски, кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во делот додека бил градоначалник, Анастасов тврди дека не ги делел луѓето во Пробиштип, туку се залагал за сите.
„По ниту еден основ луѓето не биле делени, отворено зборувам, па дури и блиска роднина на мојот против кандидат Тоневски и многу други истакнати членови од комитетот на ВМРО-ДПМНЕ биле вработени. За мене секогаш било мотив да влегувам во решавање на проблемите. Граѓаните од Пробиштип се сведоци за ова што го зборувам“, изјави Анастасов.






