Пред Младинскиот центар во Сараево, граѓаните се собраа во чест на Халид Бешлиќ со мотото „Да плачеме и да пееме“. Заедно со нив се и колегите, пријателите и соработниците кои се збогуваат со легендарниот пејач на народна музика, пишува euronews.ba.
Целиот регион тагува по Бешлиќ, а освен Сараево, жителите на Тузла и Горажде се собраа во негова чест.
Skup u Sarajevu u čast Halida Bešlića pic.twitter.com/Iy1lFHRu7A
— Euronews Bosna i Hercegovina (@euronewsbih) October 8, 2025
Првите зборови беа „сè е исто, но ништо исто не е“. Се однесува на фактот дека од денес, по заминувањето на великанот и легендта на домашната и регионалната музичка сцена, ништо нема да биде исто.
Вечерва, Сараево пее, плаче и пее за Халид.
Собирот започна со минута молчење, а потоа беа свирени хитовите на Бешлиќ како „Први пољубац“, „Романија“ и „Миљацка“… Публиката пееше во хор.




