(Видео) Уапсен скопјанецот кој скрши стакло на бугарската амбасада

МВР го пронајде лицето што вчера ја скршило вратата на бугарската амбасада.

-Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ