(Видео) Универзална не се изгради поради партиски, политички и лични интереси, рече Пенов во Стадион на Канал77

Ристо Пенов, поранешениот градоначалник на Скопје беше гостин во емисијата Стадион на Канал77. Тој рече дек на претстојните локални избори ЛДП ќе оди самостојно, но дека тојс и д-р Никола Пановски ќе ја предводат листата за советници за Град Скопје.

– За градоначалник не можам да кажам имиња, во моментов се договараат коалиции. Со СДСМ  беше неприроден процес кој по мене СДСМ го дозволи, две партии од владејачка колаиција настапат самостојно и во многу места, како на пример во Битола разликата со која се загуби градоначалникот н СДСМ е голема со кандидатот на ВМРО ДПМНЕ. По мене тоа е лош менаџмент на посилниот партнер. Има комуникција но сериозни разговори со СДСМ нема, рече Пенов и се осврна на Универзална сала.

-Се обидов да учествувам за изградба на Универзална сала. Дури 18 месеци се потребни за да се изгради Универзална, а догодина Скопје ќе биде град на културата. Сега да стартува изградбата, за догодина немаме сала. Не се изгради поради партиски и политички препукувања. Јас ј почнав, а кога дојде Трифун Костовски не сакаше да ја гради. Околу Уноврзална не се само партиски интереси, туку и лични, рече меѓу другото Пенов.

Погледнете го целото гостување на Ристо Пенов:

https://www.youtube.com/watch?v=bPazQR5-WEw

–

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ